• среда, 11 март 2026

Мицкоски: Изјавите на СДСМ се стихијни и полни со лаги, на времето коленичевме за вакцини, сега ги помагаме соседните држави

Мицкоски: Изјавите на СДСМ се стихијни и полни со лаги, на времето коленичевме за вакцини, сега ги помагаме соседните држави

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Се обидувам во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите од СДСМ, зашто се стихијни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење - преку креирање лажна перцепција и растурање пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата. Нивните изјави никогаш не се конструктивни, туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи се вика - како да нанесете штета на Владата која се бори во услови на криза и предизвици, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со последните изјави на Венко Филипче за мигрантите.

Како што потенцира Мицкоски, Владата останува фокусирана на вистинската потреба на граѓаните и државата.

- Во ред, тие одбрале таква стратегија, но тоа е лажна, погрешна стратегија. Ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата. Ние сме сериозна Влада, Влада што се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако на времето коленичивме во КОВИД-кризата за пет илјади вакцини, денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање електрична енергија. Кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа, да, го направивме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво. Така што, сега гледаме поинаква Македонија од онаа што беше ограбена, понижена и на колена неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија. Им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат, порача Мицкоски. мч/паг/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан