• петок, 08 ноември 2024

 За брзо возење 953 санкции на територијата на цела држава

 За брзо возење 953 санкции на територијата на цела држава
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 953 возачи. Од нив, соопштија денеска од МВР, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Остани поврзан