• петок, 05 декември 2025

 ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев

 ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев

Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално.

Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев.

За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.

Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите,  забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.

И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.

Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев.

 

 

Остани поврзан