• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

Тој во интевју за Телма вели дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но истакна дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми. сст/нд/

Фото принтскрин

 

Остани поврзан