• сабота, 23 ноември 2024

Во Копенхаген воведена работна недела од четири дена

Во Копенхаген воведена работна недела од четири дена

Копенхаген, 2 април 2024 (МИА) - Во Копенхаген почна експеримент со воведување работна недела од четири дена, кој ќе трае до крајот на годината, јавуваат локалните медиуми.

Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело четиридневната работна недела трајно да биде воведена, јавува данскиот јавен сервис ДР.

Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите, вели дека очекува променетото работно време да има позитивен ефект.

- Вработените ќе добијат неколку последователни слободни денови, што значи дека во слободното време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за новата работна недела, рече Амитсбол.

Додаде дека пократката работна недела значи подолги работни денови, што, вели, може да биде предизвик.

- Ментално тешки работи мора да работите на почетокот на работното време додека сте уште свежи, а потоа мора да работите нешто помалку напорно на крајот од денот, забележува Амитсбол, пренесува bankar.me. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан