• сабота, 09 ноември 2024

Oпштина Велес засади 157дрвца на неколку локации, а до крајот на месецот уште 260

Oпштина Велес засади 157дрвца на неколку локации, а до крајот на месецот уште 260
Велес, 12 март 2021 (МИА) - Општина Велес деновиве засади 157 дрвца на повеќе локации во градот и кај велешко езеро „Младост“. Од вкупниот број на засадените садници, 27 шестгодишни дрвца се засадени на паркингот кај езеро „Младост“, 53 во Еко кампот исто така кај езеро „Младост“. Претходно, засадиле 62 садници добиени како награда од „Пакомак“ и 15 сливи околу езерцето во Градскиот парк во Велес.
Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, до крајот на месецот треба да засадат 260 негувани шестгодишни садници на повеќе локации во градот.
- Целта е да придонесеме за разубавување на овие локации и рекреативни центри во и околината на Велес и пред се како Општина да дадеме придонес во нашата заложба за почист воздух и подобра  и поздрава животна средина, потенцира Коцевски.ад/фф/

Остани поврзан