• вторник, 24 декември 2024

Mеѓународната манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ 2022

Mеѓународната манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ 2022
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан од годинашното, петто по ред јубилејно издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Манифестацијата се оддржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски и е поддржана со програмата за 2022 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија. - По поздравното обраќање до присутните на директорката на Музејот,  Даниела Николова, ќе следи претставување на најуспешните наслови пристигнати на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик, за кои на авторите ќе им бидат врачени традиционалните поетски награди кои ги доделува организацискиот одбор на Манифестацијата. Годинашен лауреат на престижната книжевна награда „Антево перо“ е поетесата Јулијана Младеновска Тешија за збирката песни под наслов „Куќа“ . Наградите „Антев златник“ ќе им бидат врачени на авторите Виолета Танчева Златева за стихозбирката „Глуво време“ и на Славица Гаџова Свидерска за стихозбирката „Golgotha Feminarum. Наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и припадна и ќе и биде врачена на поетесата Рената Пенчова, соопштија организаторите. Тие додадоа дека во продолжение на вечерта, ќе следи и поетско читање на кое со дел од своите најнови поетски творби ќе се претстават наградените автори, но и поети, чии што дела беа селектирани во потесниот, односно поширокиот избор на поетскиот натпревар за наградите, на кој што учествуваа 76 творци. - Дополнително, дел од содржините со кои ќе биде заокружена годинашната Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ е планирано да се одржат и на други локации и во други средини, за што јавноста ќе биде навремено информирана, наведоа организаторите.см/мд/  

Остани поврзан