Во североисточна Индија воведени безбедносни мерки по етничките судири
- Владата во Индија воведе безбедносни мерки во североисточниот дел на земјата откако минатата недела во етничките судири беа убиени 60 лица, а 35.000 цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.
Њу Делхи, 9 мај 2023 (МИА) - Владата во Индија воведе безбедносни мерки во североисточниот дел на земјата откако минатата недела во етничките судири беа убиени 60 лица, а 35.000 цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.
Шефот на локалната власт во државата Манипур синоќа изјави дека околу 230 луѓе се повредени, а околу 1.700 куќи изгореле во насилните судири што избувнаа поради спорот за економското олеснување и специјалниот статус доделен на некои племиња.
Тој додаде дека илјадници цивили, придружувани од безбедносниот персонал, веќе се враќаат во своите домови откако полицијата и армијата успеаја да ја стават ситуацијата под контрола со улични патроли и воведување полициски час.
Насилството во државата Манипур, која се граничи со Мјанмар, избувна минатата недела по протестите организирани од членовите на доминантно христијанските племенски заедници. паг/
Фото: ЕПА