In Memoriam: Почина Мирјана Мијалкова, поранешна новинарка и уредничка Радио Охрид
- По кусо боледување на 76 години денеска во Охрид почина Мирјана Мијалкова, поранешна новинарка и одговорна уредничка во Центарот за печат и Радио Охрид.

Охрид, 29 јули 2024 (МИА) – По кусо боледување на 76 години денеска во Охрид почина Мирјана Мијалкова, поранешна новинарка и одговорна уредничка во Центарот за печат и Радио Охрид.
Мијалкова завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје. Од 1986 до 2003 работеше како новинарка, а потоа до 2006 година беше одговорна уредничка во Радио Охрид.
Посмртните останки на Мирјана Мијалкова ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид утре од 12 часот. аб/нд/
фото/МИА