Goal: Меси најдобар фудбалер во 21 век
- Реномираниот фудбалски портал Goal (Гол) објави листа на 25 најдобри фудбалери во 21 век која ја предводи Аргентинецот Лионел Меси.
Лондон, 6 декември 2024 (МИА) – Реномираниот фудбалски портал Goal (Гол) објави листа на 25 најдобри фудбалери во 21 век која ја предводи Аргентинецот Лионел Меси.
Втор на листата е Португалецот Кристијано Роналдо, пред шпанските легенди Чави и Иниеста, а на петтото место е Французинот Зинедин Зидан.
Светскиот шампион од 1986 година, Хорхе Валдано, за во изјава за „Гол“ го спореди Меси со уште еден легендарен Аргентинец – Диего Марадона.
„Марадона понекогаш беше Марадона, а Меси е Марадона секој ден“, изјави Валдано.
Меси најголем дел од кариерата мина во Барселона каде постигна 672 голови на 778 натпревари.
Листа на 25. најдобри фудбалери на 21 век во изборот на „Гол“.
Лионел Меси
Кристијано Роналдо
Чави
Андрес Иниеста
Зинедин Зидан
Роналдињо
Лука Модриќ
Серхио Бускетс
Џанлуиџи Буфон
Серхио Рамос
Тиери Анри
Луис Суарез
Роберт Левандовски
Мануел Ноер
Андреа Пирло
Тони Крос
Франческо Тоти
Самуел Ето
Карим Бензема
Икер Касиљас
Паоло Малдини
Килијан Мбапе
Кака
Вејн Руни
Кевин Де Брујне. ег
ФОТО: Икс