Францускиот министер за надворешни работи Баро: Безбедноста на Израел бара дипломатско решение
- Безбедноста на Израел не може да биде гарантирана само со воена сила, туку бара и дипломатско решение, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Париз, 7 октомври 2024 (МИА) - Безбедноста на Израел не може да биде гарантирана само со воена сила, туку бара и дипломатско решение, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Според него, за да бидат ослободени заложниците кои ги држи палестинската група Хамас и раселените од северот на Израел да се вратат во своите домови, потребни се дипломатски решенија.
Баро денеска е во посета на Израел, на првата годишнина од нападот на Хамас на југот на таа земја.
„Воениот успех не може да биде замена за политичките перспективи“, додаде Баро. рп/
Фото: ЕПА