• среда, 25 декември 2024

Eко Логик со нови активности насочени кон циркуларна хемија

Eко Логик со нови активности насочени кон циркуларна хемија
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) - Здружението на граѓани Еко Логик, започна активност од проектот CIRCLE-LAB Еразмус+ КА201, наменет за развој на курсеви за тренирање на наставници, како и едукативни алатка на темата циркуларна економија, со фокус на одржлива хемија, информирааат од здружението. Платформата ќе нуди неколку дигитални алатки како видеа, игри, интерактивни прирачници за едуцирање на сите поврзани со училиштето (ученици, наставници, семејства), со цел да се зајакне свеста на учениците и наставниците за одржливоста и циркуларната економија, поддржувајќи активно граѓанство, потенцирајќи ги нивните попречни вештини и нивниот интерес за STEAM предметите (Наука, Технологија, Инжинерство, Уметност и Математика). - Проектот се стреми да го доближи хемиското образование поблиску до темата за одржливост. Circle Lab ќе се  фокусира и на одржлива хемија, со цел да се елаборира на материјалите и процесите врз база на обновливи и богати извори како јаглерод диоксид, биомаса, сончева енергија, со посебно внимание на циклусите на материјалите и трајноста на продуктите. Circle Lab има за цел да развие четири интелектуални резултати за циркуларна економија, тренирање на наставници, циркуларна хемија, и circle lab онлајн средина, се наведува во соопштението. Ќе бидат вклучени девет партнери од пет земји членки на ЕУ - Шведска, Италија, Литванија и Шпанија и од Северна Македонија, и ќе сплоти намери за култивирање едукативни содржини за одржлива хемија за средно образование, наменето за наставници и ученици Инаку, Еко Логик е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промоција на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој. свс/сп/

Остани поврзан