DHL: Авион од наш партнер што пренесувал пратки изврши „принудно слетување“ во Литванија, започна истрага
- „Во авионот имаше вкупно четири лица. Статусот на екипажот се уште се разјаснува, но нашите мисли се со нив и нивните семејства. Причината за инцидентот засега е непозната, а истрагата е веќе во тек“.
Берлин, 25 ноември 2024 (МИА) - Од DHL денеска соопштија дека товарен авион управуван од нивниот партнер Свифтер извршил „принудно слетување“ во Литванија, каде локалните власти објавија дека едно лице загинало во несреќа.
„Можеме да потврдиме дека денес, околу 4:30 часот по средноевропско време, авион на Swiftair, управуван од сервисен партнер во име на DHL, изврши принудно слетување на околу еден километар од аеродромот VNO (Вилнус, Литванија) додека беше на пат од аеродромот LEJ (Лајпциг, Германија) до аеродромот VNO“, се вели во соопштението.
„Во авионот имаше вкупно четири лица. Статусот на екипажот се уште се разјаснува, но нашите мисли се со нив и нивните семејства. Причината за инцидентот засега е непозната, а истрагата е веќе во тек“. зш/