• вторник, 24 декември 2024

Aлбанезе: Сакам Асанж да се врати во Австралија што е можно поскоро

Aлбанезе: Сакам Асанж да се врати во Австралија што е можно поскоро

Канбера, 25 јуни 2024 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави денеска дека сака Џулијан Асанж (52) да се врати во Австралија што е можно поскоро откако основачот на Викиликс беше ослободен од затвор и ја напушти Велика Британија по постигнувањето договор за признавање вина со американските власти за прекршување на законот за шпионажа.

Албанезе пред австралискиот Парламент рече дека случајот против основачот на Викиликс се одолговлекува долго време, дека тој сега е ослободен од затвор и дека сака Асанж сега да се врати дома во Австралија

Асанж е на пат кон Окружниот суд на американскиот пацифички остров Сајпан, на Маријанските Острови, каде се очекува утре да се изјасни за виновен по една точка од обвинението во рамки на договорот за признавање вина што ќе му овозможи да биде на слобода и да се врати во својот дом во Австралија по 14 години правна постапка против него. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан