Aвгустовски испитен рок од државната матура
- Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат ден

Скопје, 10 август 2022 (МИА) – Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август).
Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е изборен од предметите: математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски јазик), естетика и филозофија.
Државниот испитен центар минатиот месец соопшти дека средната оценка од двата екстерни испита од полагањето во јуни е 3,78 и е повисока во однос на минатата учебна 2020/2021 година кога беше 3,61.
За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок беа пријавени 15 899 кандидати (7135 од гимназии, 8504 од стручни и 260 од уметнички училишта).
Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмета и проектна задача и по скратени испитни програми. хс/