• четврток, 07 ноември 2024

„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови

„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови
Сан Франциско, 8 април 2020 (МИА) - Пред одреден период „Фејсбук“ објави функционалност за запознавање, а сега компанијата тестира ново решение за комуникација помеѓу двојки. „Тјунд“ (Tuned) ќе ги охрабрува да создадат своја интимна социјална мрежа едни со други. Преку специјалната апликација, која во моментов е достапна само за ајОС, тие ќе можат да ги споделат своите расположенија, музика, фотографии, говорни пораки, како и да создадат дигитални албуми. Апликацијата може да се поврзе со „Спотифај“ а има достап и до разни налепници и реакции. Засега, услугата е бесплатна и не е потребна сметка за „Фејсбук“, но корисниците подлежат на политики за чување и користење на податоци од страна на компанијата. Ние допрва ќе видиме дали Фејсбук активно ќе ја промовира „Тјунд“ и дали апликацијата ќе се појави и на „Гугл Плеј“. Платформата е дело на Тимот за експериментирање на нови производи (НПЕ), кој беше формиран минатата година. Меѓу неговите услуги е и апликација слична на „Пинтерест“ и апликација за создавање меме. Сепак, тие никогаш не беа наметнати од Фејсбук.

Остани поврзан