• сабота, 23 ноември 2024

„Фајзер“ ќе побара дозвола за итна употреба на нејзината вакцина во САД

„Фајзер“ ќе побара дозвола за итна употреба на нејзината вакцина во САД
Лондон, 18 ноември 2020 (МИА) - Фармацевската компанија „Фајзер“ во следните денови ќе побара дозвола за итно користење на својата вакцина против Ковид-19 во САД, откако резултатите од последната фаза на студијата покажаа дека таа е ефикасна во 95 отсто од случаите и не предизвикува сериозни несакани ефекти. Компанијата во следните неколку дена ќе аплицира за дозвола за итни случаи и очекува Комитетот за вакцини на Управата за храна и лекови на јавна седница да ги разгледа резултатите, најверојатно во декември. Извор запознат со ситуацијата тврди дека Управата за храна и лекови планира состанокот да се оддржи меѓу 8 и 10 декември, иако може да дојде до промена на датумот. Британските медиуми наведуваат дека Управата за храна и лекови одбива да ги коментира наводите. Претходно, денеска, „Фајзер“ соопшти дека 170 од 43.000 волонтери кои учествувале во студијата се заразиле со коронавирусот, од кои 162 случаи биле пријавени кај доброволците кои примале плацебо или редовни инјекции со солен раствор, додека осум случаи биле потврдени кај учесниците кои примиле вакцина. „Тоа значи дека вакцината е ефикасна во 95 проценти“, соопшти „Фајзер“. сд/

Остани поврзан