• четврток, 26 декември 2024

„Рајанер“ ќе отпушти 3.500 вработени ако не прифатат пониски плати

„Рајанер“ ќе отпушти 3.500 вработени ако не прифатат пониски плати
Даблин, 1 јули 2020 (МИА) - Ирскиот нискобуџетен авио превозник „Рајанер“ планира да затвори околу 3.500 работни места доколку со вработените не постигне договор за намалување на платите, изјави денеска генералниот директор на авиокомпанијата Мајкл О'Лири. Компанијата претходно објави дека го намалила бројот на вработените за повеќе од 250 луѓе низ Европа и размислува за намалување на бројот на пилотите и кабинскиот персонал за околу 3.000 лица. - Веќе најавивме затворање на околу 3.500 работни места, но започнавме обемни преговори со нашите пилоти и кабинскиот персонал од кои бараме да прифатат намалување на платите како алтернатива за отпуштање од работа, истакна О'Лири. Тој нагласи дека е „планирано намалување од 20 отсто за најдобро платените капетани и пет проценти за најниско платените стјуардеси'. - Сметаме дека ако постигнеме договор за редуцирање на платите, тогаш може да се избегне затворање на најголемиот дел од работните места, додаде генералниот директор на „Рајанер“. гт/

Остани поврзан