• вторник, 24 декември 2024

„Охрид трчаТ“ преместен од јуни за крајот на август

„Охрид трчаТ“ преместен од јуни за крајот на август
Скопје, 1 мај 2020 (МИА) - Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, поради новонастаната ситуација со Ковид -19 е одложено од 7 јуни за последниот викенд од август месец.  Манифестацијата ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици на македонскиот туристички центар. - Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи! Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид. Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! – порачуваат од организациониот одбор на „Охрид трчаТ“. Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата или автоматска пријава за следното петто издание на охридскатиот спортски настан. зс/

Остани поврзан