• петок, 08 ноември 2024

„Најки“ во кампања против расизмот

„Најки“ во кампања против расизмот
Лос Анџелес, 1 јуни 2020 (МИА) - Во екот на протестите против расизмот и полициската бруталност во САД, американскиот производител на спортска опрема „Најки“ покрена кампања под слоганот „Не прави го тоа" (Don’t do it). Тоa е, всушност, изменета верзија на она познатото „Направи го тоа“ (Just do it). Демонстрантите ширум САД излегоа на улица по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој практично беше убиен при приведување во Минеаполис, Минесота, бидејќи полицаецот му ја држеше својата нога на вратот. „Овојпат - не прави го тоа... Не преправајте се дека нема проблем во Америка. Не вртете му го грбот на расизмот. Не прифаќајте да се одземаат недолжни животи. Не наоѓајте веќе изговори. Немојте да мислите дека вас тоа не ве засега... Ајде сите да бидеме дел од промената!“, порача компанијата „Најки“ во видеопорака поставена прво на Твитер, а потоа и на Јутјуб. Пораката е испишана со бели букви на црна позадина. https://www.youtube.com/watch?v=drcO2V2m7lw Во знак на солидарност, компанијата Адидас ја го сподели видеото со своја порака - „Само заедно ќе одиме напред. Заедно водиме до промени". Оваа кампања не е прва со која „Најки“ зачекори во областа на политичко-општествената правда во САД. Во септември 2018, Најки предизвика лавина реакции објавувајќи неколку реклами со рагбистот Колин Каперник, во време кога тој беше критикуван затоа што не станал при едно изведување на американската химна, токму во знак на протест против расизмот.  си/сд/

Остани поврзан