• понеделник, 23 декември 2024

„Бренд фајнанс": Ферари повторно е најмоќниот бренд на светот

„Бренд фајнанс
Лос Анџелес, 29 јануари 2020 (МИА) - Ферари, втора година по ред е најмоќниот бренд на светот на ранг-листата на глобалните 500 светски брендови на „Бренд фајнанс" за 2020 година. Американската компанија за интернет-трговија, Амазон, пак, трета година по ред ја задржа титулата највреден светски бренд. Имено, нивната вредност од минатогодишните 187,9 милијарди долари пораснала за 18 отсто, на 220,8 милијарди долари. 3ад Амазон, следат Гугл (САД), Епл, Мајкрософт, јужнокорејскиот Самсунг, кинескиот ИЦБЦ, Фејсбук, Волмарт, а топ 10 лист ја заокружуваат уште два кинески бранда - Пинг Ан и Хуавеј. Ферари, од друга страна, е најмоќниот, односно највлијателниот бренд на светот, со индекс на сила од 94,1 поена од можни 100 и рејтинг од ААА плус. Сè тоа влијаело и на растот на стоковната вредност на марката за 9,0 отсто, на 9,1 милијарда долари. По автомобилскиот гигант следат Дизни, кинески Ви-чат, Сбербанк, Делоат, Кока-кола, Тенсент, Ролекс, ПВЦ и Пеј-Пал. Соперничките синџири супермаркети, Лидл (12,4 милијарди долари) и Алди (14,3 милијарди долари) се најбрзорастечки малопродажни брендови, со скок на вредноста од 40 и 37 отсто, соодветно. На ранг-листата од 500 фирми, годинава има и 44 нови имиња, а највредна меѓу нив е нафтената компанија Сауди Арамко, со вредност на стоковната марка од 46,8 милијарди долари. Во однос на Европа, германските брендови ги надминуваат другите држави. Меѓу 10-те највредни стоковни марки, дури шест се германски, а на нив отпаѓаат шест отсто од вкупната вредност на 500-те рангирани фирми. Само вредноста на брендот Мерцедес-Бенц се проценува на 65 милијарди долари, со раст од осум отсто, благодарение на зголемената продажба од 1,3 отсто, на 2,34 милиони возила 2019 година. Европскиот сектор на луксузни стоки, исто така, бележи значаен пораст на вредноста, при што стоковната марка Луј Витон е посилна за 21 отсто, односно вкупно 16,5 милијарди долари. Следат: Гучи (раст од 20 отсто, на 17,6 милијарди) и Шанел (19 отсто, на 13,7 милијарди долари). си/сд/

Остани поврзан