• петок, 30 јануари 2026

Џуд Овенс, со само две години влезе во Гинисовата книга на рекорди

Џуд Овенс, со само две години влезе во Гинисовата книга на рекорди

Лондон, 29 јануари  2026 (МИА) - Двегодишниот Џуд Овенс од Мачестер, стана најмладата позната личност во снукер натпревар. Неговиот татко, Лук Овенс, изјави дека на почетокот користел барски столици за Џуд да достигне до масата, додека денес користат обична кујнска столица.

Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, Крејг Глендеј е среќен што детето е дел од  „семејството на Гинисови рекордери“, воодушевувајќи се на неговиот талент.. Детето почнало да игра снукер на само две години, а кога го прашале кој би победил во меч меѓу него и неговиот татко, тоа одговорило самоуверено: „Јас. мв/јт/

Фото: Јутјуб скриншот

Остани поврзан