• среда, 25 декември 2024

Џон Ли: Во Хонгконг се зголемува тероризмот

Џон Ли: Во Хонгконг се зголемува тероризмот
Хонгконг, 25 мај 2020 (МИА) – Секретарот за безбедност на Хонгконг, Џон Ли изјави денеска дека во градот се зголемува тероризмот, откако илјадници луѓе излегоа на протести поради планот на Пекинг да воведе нови безбедносни закони. - Во градот се зголемува тероризмот и активностите кои се штетни за националната безбедност, како што е „независност на Хонгконг“, истакна Ли во соопштение. Тој додаде дека за само неколку месеци Хонгконг, кој беше еден од најбезбедните градови во светот, се претворил во „град прекриен со сенката на насилство“. Локалната полиција соопшти дека се уапсени повеќе од 180 луѓе за време на вчерашните протести, во кои припадниците на безбедносните сили употребиле солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите. Илјадници луѓе протестираа поради законот кој Кина планира да го воведе како одговор на минатогодишните собири, кои предизвикаа најголеми немири во кинеското владеење од 1997 година. Предлог-законот за национална безбедност за Хонгконг предвидува забрана за отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија. гт/

Остани поврзан