Џон Дејвид Вашингтон: Дензел е поголем од животот
- И додека помладиот глумец се надева дека еден ден и тој ќе има свое дете кое ќе го понесе името Вашингтон, тој не се опседнува со тоа - дали некогаш ќе го засени својот славен татко.

Лос Анџелес, 10 октомври 2022 (МИА) - И покрај тоа што го издлаби својот холивудски успех во филмовите „Тенет“ и „Црниот член на ККК“ (BlacKkKlansman), Џон Дејвид Вашингтон знае дека секоја приказна за него неизбежно ќе го означикува како „синот на Дензел“.
Тоа е нешто со што 38-годишната ѕвезда - највозрасниот син на глумците Паулета и Дензел Вашингтон и поранешен рагбист, конечно се помирил, изјави тој за „Си-би-ес“ во новото интервју. - Морам да разберам дека би можел да ја имам најдобрата игра, кариера... Епитетот секогаш ќе биде тоа што е... Значи, да се обидеш да докажеш нешто некому е луда задача, вели тој. Но, Џон Дејвид на почетокот, вели, имал отпор кон тоа - да ги следи актерските стапки на неговите родители.