• петок, 20 декември 2024

Џонсон: Поради делта варијантата на коронавирус се одложува укинувањето на рестриктивните мерки

Џонсон: Поради делта варијантата на коронавирус се одложува укинувањето на рестриктивните мерки
Лондон, 14 јуни 2021 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека поради зголемувањето на бројот на случаи на позаразната „делта варијанта“ на коронавирусот, првично откриена во Индија, укинувањето на ограничувањата во таа земја ќе биде одложено за еден месец, до 19 јули. Претходно беше најавено целосното отворање на земјата за 21 јуни, но премиерот денеска изјави дека тој е „длабоко загрижен бидејќи делта варијантата се шири побрзо од другите“ и сака да почека до 19 јули за да им го даде на здравствените служби потребното дополнително време. Претходно денеска британските власти потпишаа одлука за одложување на укинување на ограничувањата наметнати поради епидемијата на коронавирусот по 21 јуни. Би-Би-Си соопшти дека владини извори велат дека ограничувањата ќе останат во сила уште четири недели од тој датум. Ова значи дека вработените ќе треба да продолжат да работат од дома секогаш кога е можно, а ноќните клубови ќе останат затворени. ссм/

Остани поврзан