• среда, 27 ноември 2024

Џонсон и Џонсон ги повика другите компании на заедничко истражување на вакцините против Ковид-19

Џонсон и Џонсон ги повика другите компании на заедничко истражување на вакцините против Ковид-19
Вашингтон, 16 април 2021 (МИА) - Компанијата Џонсон и Џонсон побара од ривалските производители на вакцини против Ковид-19 да се вклучат во заедничко истражување за ризикот на појава на тромбози. Американската здравствена агенција неделава препорача да се паузира со имунизација на луѓето со вакцини на Џонсон и Џонсон откако кај шест жени помлади од 50 години се појавија згрутчување на крвта по добивање на вакцина против Ковид-19. Астра Зенека, која со недели се соочува со слични проблеми се согласи за заедничко истражување, додека Фајзер и Модерна одбија со образложение дека нивните вакцини се безбедни. ми/

Остани поврзан