Џони Деп излегува со негова адвокатка од судењата
- Таа го застапуваше Деп во судењето за клевета во Велика Британија, против таблоидот „Сан“. Глумецот го загуби тој случај.
Лос Анџелес, 23 септември 2022 (МИА) - Џони Деп, по сѐ, изгледа дека излегува со една од неговите адвокатки - но, не со Камил Васкез... Западните медиуми пренесуваат дека ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ најверојатно се гледа со Џоел Рич.
Таа го застапуваше Деп во судењето за клевета во Велика Британија, против таблоидот „Сан“. Глумецот го загуби тој случај. [caption id="attachment_1776257" align="aligncenter" width="780"] Џоел Рич[/caption] Рич, според наводите, е омажена, но во процес на развод. Таа и нејзиниот отуѓен сопруг имаат две деца. Деп ги има ќерката Лили-Роуз (23) и синот Џек (20) со поранешната партнерка Ванеса Паради. Инаку, познато е дека гласините, како и „навивачки настроените“ обожаватели беа сосредоточени на Васкез како најпосакувана можна љубов на Џони Деп, по судењето во САД и судската „победа“ на глумецот против поранешната негова сопруга Амбер Хард. си/