• вторник, 24 декември 2024

Џони Деп заработува и како сликар

Џони Деп заработува и како сликар
Лондoн, 29 јули 2022 (МИА) - Американскиот глумец Џони Деп вчера продаде колекција портрети на холивудски и рок-ѕвезди, коишто сам ги изработил и ги посветил на неколку познати личности. Тој сликите ги продал за 3,5 милиони евра. А, на Инстаграм напиша дека ги насликал од слики што ги имал на компјутерот, па ги продал преку „Касл фајн арт“ (Castle Fine Art) - мрежа галерии во Велика Британија. Колекцијата се вика „Пријатели и херои“ (Friends and Heroes) и е посветена на оние кои Деп ги запознал и / или кои го инспирирале. На сликите се ликовите на Боб Дилан, Елизабет Тејлор, Ал Пачино и Кит Ричардс. Галеријата објави дека ниивната интернет-страница, која нуди и 780 други дела на продажба, е преполна со барања од купувачи. Добитниците платиле 17.800 евра за комплетот од четири слики, или во просек - 4.700 евра за еден портрет.  си/

Остани поврзан