Џона Хил ја раскина свршувачката
- Како што пренесува неименуван извор близок до двојката, прекинот бил на пријателска основа.

Лос Анџелес, 13 октомври 2020 (МИА) - Американскиот глумец Џона Хил и неговата доскорешна партнерка Џијана Сантос ја раскина свршувачката, само една година откако се свршиле.
Како што пренесува неименуван извор близок до двојката, прекинот бил на пријателска основа.
Хол (36) и неговата пет години помлада девојка се верија лани во октомври. Кусо потоа, глумецот номиниран за Оскар за филмовите „Волкот од Волстрит“ и „Купче пари“, купи имот од 6,77 милиони долари во Санта Моника, Калифорнија, САД.
Џијана Сантос е менаџерка на „Вајолет Греј“ - фирма за козметика со седиште во Лос Анџелес.
Хил во последно време, со својата сестра и мајка му е активен во кампањата за помасовно гласање на претседателските избори во САД. си/сд/