• среда, 25 декември 2024

Џона Хил нема да ги промовира своите филмови, поради пробеми со психичкото здравје

Џона Хил нема да ги промовира своите филмови, поради пробеми со психичкото здравје

Лос Анџелес, 18 август 2022 (МИА) - Американскиот комичар Џона Хил објави отворено писмо во коешто вели дека повеќе нема јавно да ги промовира своите филмови, во догледна иднина, за да поработи на своето психичко здравје.

Претстојните негови проекти се документарен филм што тој го режираше, со наслов „Текови“ (Sputz) и комедијата на Нетфликс - „Вие, луѓе“ (You People), којшто Хил го напиша заедно со режисерот Кенија Барис. Во филмов чиешто објавување е најавено за годинава, Хил ќе глуми покрај Еди Марфи, Џулија Луис-Драјфус, Моли Гордон, Мајк Епс, Наја Лонг и Дејвид Духовни. „Преку ова патешествие на самооткривање во рамките на филмот, разбрав дека скоро 20 години доживувам напади на анксиозност, што се влошуваат со појавувањата во медиумите и настаните во коишто се соочувам со јавноста“, напиша Хил пред документарецот „Текови“ да се појави на претстојните есенски филмски фестивали. Документарецот го прикажува Хил и неговиот терапевт отворено разговараат за неговите проблеми со менталното здравје. „Нема да ме видите како го промовирам овој филм или некој од моите претстојни филмови, додека го преземам овој важен чекор за да се заштитам себеси. Ако излегувањето на сцената промовирајќи го тоа ми наштети, нема да бидам верен ни кон себе, ниту кон филмот“, продолжи Хил. Тој додаде дека овие чекори се важни за луѓето да ги разберат нивните проблеми појасно.  си/

Остани поврзан