• среда, 27 ноември 2024

Џинпинг разговараше со Башеле, за време на нејзината посета во Кина

Џинпинг разговараше со Башеле, за време на нејзината посета во Кина
Пекинг, 25 мај 2022 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска преку видео линк разговараше со шефицата за човекови права на Обединетите Нации (ОН), Мишел Башеле, за време на нејзиното патување во Кина, јавија тамошните медиуми, пренесе ДПА. Еднонеделната посета на Башеле е прва на комесар за човекови права на ОН во изминатите 17 години и доаѓа во време на критицизам на кинескиот третман кон малцинства во провинцијата Синџијанг. Претходно, медиуми објавија за „полициските досиеја од Синџијанг“, протечени податоци што ги покажуваат степенот на прогон и масовното интернирање на Ујгурите и членови на други малцински групи, во Синџијанг и северозападна Кина. Башеле планира да го посети Синџијанг и да види каква е ситуацијат таму. Групите активисти, како и Владата на САД, сметаат дека мала е веројатноста таа да добие дозвола за слободен и ненабљудуван пристап до камповите, центрите за притвор и нивните затвореници, со цел да формира независен и непристрасен заклучок, пишуваат медиуми. Овие групи активисти тврдат дека има стотици илјади луѓе во камповите за превоспитување во Синцијанг. Кинеското раководство ги обвинува Ујгурите во овој регион за сепаратизам, екстремизам, тероризам. Припадници на муслиманско малцинство сметаат оти се предмет на политичко, верско и културно угнетување. бд/сд/

Остани поврзан