Џејмс Харден со историско достигнување
- Харден заврши со 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Хјустон победи на 21 од последните 25 средби со Минесота, вклучувајќи 13 по ред на домашен терен.
Хјустон, 12 јануари 2020 (МИА) - Џејмс Харден стана 45-от играч во историјата на НБА лигата кој постигна 20.000 поени во својата кариера, што се случи во победата на Хјустон со 139: 109 над Минесота.
Харден заврши со 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Хјустон победи на 21 од последните 25 средби со Минесота, вклучувајќи 13 по ред на домашен терен.
Јанис Антетокумпо забележа 32 поени, 17 скокови и 6 асистенции за победата на Милвоки со 101: 122 над Портланд. Крис Мидлтон додаде 30 поени, Ерик Бледсо постигна 29, а Бакс освои осми пат во последните девет натпревари.
Дамјан Лилард постигна 26 поени, а СиЏеј МекКалум додаде 20 за Портланд, кој загуби по осми пат на 10 натпревари.
Кајл Кузма постигна 36 поени, а Лос Анџелес Лејкерс ја запишаа својата осма победа по ред. Ражон Рондо додаде 21 поен и 12 скокови, а „езерџиите“ настапија без своите први sвезди - Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Резултати од НБА:
Хјустон - Минесота - 139: 109
Бостон - Newу Орлеанс - 140: 105
Детроит - Чикаго - 99: 108
Оклахома - ЛА Лејкерс - 110: 125
Далас - Филаделфија - 109: 91
Денвер - Кливленд - 103: 11
Портланд - Милвоки - 101: 122