Џејмс: Не знам кога ќе се пензионирам, но не ми останува уште многу време
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за завршување на професионалната кариера. Триесет и деветгодишниот Џејмс кој ноќеска во победата (116:104) над Бруклин нетс постигна 40 поени, призна дека крајот на неговата играчка кариера е блиску.

Лос Анџелес, 1 април 2024 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за завршување на професионалната кариера. Триесет и деветгодишниот Џејмс кој ноќеска во победата (116:104) над Бруклин нетс постигна 40 поени, призна дека крајот на неговата играчка кариера е блиску.
- Малку е веројатно дека сето ова ќе трае многу долго. Не знам кога ќе се затвори вратата и ќе се повлечам, но не ми останува уште многу време, изјави Џејмс.
Џејмс игра во НБА од својата 18-та година. Оваа сезона е негова 21-ва во кариерата.
НБА-ѕвездата на Лејкерс е под договор со клубот до сезоната 24/25.
На средбата со Бруклин, Цејмс постигна девет тројки повторувајќи го својот личен рекорд. зс/
Фото: ЕПА