• понеделник, 23 декември 2024

Џејмс Камерон нема да снима филм за „Оушнгејт“

Џејмс Камерон нема да снима филм за „Оушнгејт“

Лос Анџелес, 19 јули 2023 (МИА) - Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“.

„Обично не одговарам на навредливи гласини во медиумите, но сега морам. Не сум во разговори за филм за 'Оушнгејт', ниту пак, некогаш ќе бидам“, напиша 68-годишниот филмаџија.

Холивудскиот режисер, кој го режираше оскаровскиот филм „Титаник“ од 1997 година, со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги, го посетил познатиот потонат прекуокеански брод 33 пати. Тој претходно изјави дека е „погоден од сличноста“ меѓу овогодишната трагедија на „Титан“ и потонувањето на „Титаник“ во 1912 година.

Британскиот авантурист Хамиш Хардинг, а и таткото и син - Шахзад и Сулејман Давуд загинаа во туристичката подморница заедно со извршниот директор на „Оушнгејт експедишнс“ - Стоктон Раш и францускиот државјанин Пол-Анри Наргеолет. „Титан“ изгуби контакт со бродот за помошно управување за време на патувањето на 18 јуни. Остатоците беа најдени четири дена подоцна, расфрлани на морското дно, на околу 488 метри од „Титаник“.  си/сд/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан