• недела, 04 август 2024

Џејмс и Дејвис силни во победата над Мемфис

Џејмс и Дејвис силни во победата над Мемфис
Лос Анџелес, 22 февруари 2020 (МИА) - Леброн Џејмс постигна 32 поени за успехот на Лос Анџелес Лејкерс против Мемфис Гризлис со 117: 105. Ентони Дејвис претрпе повреда на мускулот во ногата во првото полувреме, но го заврши натпреварот и забележа 28 поени и 13 скока. Ејвори Бредли додаде 14 поени. За Мемфис, Џош Џексон со 20 поени беше најдобар стрелец. Лука Дончиќ постигна 33 поени, освои 10 скокови и направи 8 асистенции, додека резервата Макс Клебер забележа највисоки 26 поени во кариерата во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик со 122 - 106. Клебер одигра силна последна четвртина во која постигна три тројки и заврши со 12 поени. Кристап Порзингис постигна 24 поени и 10 скока за Маверикс. Тим Хардавеј Џуниор помогна со 16 поени и 6 скока. За Меџик, Еван Фурние постигна 28 поени (5 тројки), а Никола Вучевиќ се истакна со 27 поени и 12 скокови. Резултати во НБА Орландо - Далас - 106: 122 Вашингтон - Кливленд - 108: 113 Њујорк - Индијана - 98: 106 Торонто - Феникс - 118: 101 Минесота - Бостон - 117: 127 Сити Оклахома - Денвер - 113: 101 Јута - Сан Антонио - 104: 113 Л.А. Лејкерс - Мемфис - 117: 105 Портланд - Њу Орлеанс - 115: 128

Остани поврзан