„Џерусалем Пост“: Потврдено убиството на уште двајца израелски заложници на Хамас во Појасот Газа
- Убиствата на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, ги потврдија нивните кибуци, пишува весникот „Џерусалем Пост“. Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на кибуцот Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на кибуцот Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитанта група.
Тел Авив, 14 декември 2023 (МИА) - Израел потврди дека во Појасот Газа се убиени уште двајца заложници, кои беа држани од палестинската милитантна група Хамас.
Убиствата на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, ги потврдија нивните кибуци, пишува весникот „Џерусалем Пост“.
Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на кибуцот Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на кибуцот Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитанта група.
Хаими, кој беше киднапиран во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот за итни случаи испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата.
Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалем Пост“.
Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во кибуцот Нахал Оз. сд/
фпотп:МО на Израел