• петок, 05 декември 2025

Џепчирчир победи на маратонот на Мундијалот во Токио, Поп Арсова заврши претпоследна

Џепчирчир победи на маратонот на Мундијалот во Токио, Поп Арсова заврши претпоследна

Токио, 14 септември 2025 (МИА) – Кенијката Перез Џепчирчир го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство во атлетика во 2025 година.

Триесет и едногодишната атлетичарка патеката ја помина за 2 часа 24 минути и 43 секунди. Во последните метри од трката одржана ноќеска кениската маратонка ја престигна Тигст Асефа од Етиопија (2,24.45). Бронзениот медал го освои Јулија Патернане од Уругвај (2,27.23).

Џепчирчир го освои своето прво светско првенство. Таа е и олимписка шампионка во маратон во 2020 година.

На маратонот учествуваше и Македонката Адријана Поп Арсова Рашиќ. Таа заврши на претпоследното, 62. место со време 3 часа една минута и 48 секунди.

Светското првенство во 2025 година се одржува во Токио од 13 до 21 септември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан