Џентилони: Потребна е подобра размена на податоците помеѓу државите за да се сузбие затајувањето данок
- Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур реферирајќи за аферата Пандорини документи истакна дека е потребна е подобра размена на пода

Стразбур, 6 октомври 2021 (МИА) - Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур реферирајќи за аферата Пандорини документи истакна дека е потребна е подобра размена на податоци помеѓу земјите-членки на Европска Унија за да се сузбие затајувањето данок.
Тој најави дека ЕК подготвува нови законодавни иницијативи, кои ќе ја подобрат даночната транспарентност и ќе овозможат автоматска размена за лицата кои избегнуваат или затајуваат данок.
- Исто така, потребни ни се нови средства за да ни овозможат размена на информации помеѓу земјите -членки. Ако веќе е направено толку многу, ние се уште имаме вакви откритија, кои беа објавени изминатите денови, наведе Џентилони.
Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар наведе дека е „клучна размената на информации помеѓу земјите-членки со трети земји“. ми/