• понеделник, 23 декември 2024

Џенифер Лоренс е бремена

Џенифер Лоренс е бремена
Лос Анџелес, 9 септември 2021 (МИА) - Глумицата која е најпозната по улогата во филмскиот серијал „Игри на гладните“ - Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Марони, го очекуваат нивното прво дете. Веста ја потврди нејзиниот портпарол. Џенифер и Кук се венчаа пред две години на Род Ајленд (САД), по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила, и се чуваше во голема тајност, сѐ до денот на венчавката. На свеченоста меѓу другите, присуствуваа Адел, Ејми Шумер, Крис Џенер, Ема Стоун. Кук е сопственик на уметничка галерија сместена во Апер Ист Сајд во Њујорк, и ретко се појавува на јавни настани. си/гт/

Остани поврзан