Џенифер Лопез сподели како го слави Денот на благодарноста
- На сликите, во преден план е подготовката на традиционалната мисирка, како и колачите, особено питата од јаболка, како и целата гозба на масата.
Лос Анџелес, 28 ноември 2025 (МИА) - Џенифер Лопез сподели низа фотографии на Инстаграм, на коишто покажува како го слави американскиот празник Ден на благодарноста. На сликите, во преден план е подготовката на традиционалната мисирка, како и колачите, особено питата од јаболка, како и целата гозба на масата.
„Ова се само дел од моите омилени работи. Среќен Ден на благодарноста, се надевам дека ќе имате убав ден“, напиша латиноамериканската пејачка.
За оваа пригода, Џеј-Ло облече сатенски светлорозов фустан и необични потпетици, а во согласност со подготовката на бројните јадења, стави и престилка за готвење, пишува порталот „Кликс“. Таа покажа и како изгледа нејзината украсена елка, посочувајќи дека веќе се подготвува за Божиќ и новогодишните празници. си/ссм/
Фото: Инстаграм-фотоисечок