• вторник, 24 декември 2024

Џенифер Лопез поднесе барање за развод

Џенифер Лопез поднесе барање за развод

Лос Анџелес, 21 авгyст 2024 (МИА) - Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез поднесе барање за развод од глумецот Бен Афлек, по две години брак. Барањето е поднесено вчера во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес, според судските документи до коишто дојде „Би-би-си“.

Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, како што се тековни приходи, расходи, долгови.

Лопез и Афлек се запознаа на снимање филм во 2003 година и планираа да се венчаат, но ја раскинаа свршувачката следната година, а се венчаа скоро 20 години подоцна. Афлек во меѓувреме беше в брак со глумицата Џенифер Гарнер со која има три деца, а за Лопез ова беше четврти брак. Од бракот со пејачот Марк Антони, латиноамериканската пејачка има две деца.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан