• вторник, 24 декември 2024

Џенифер Лопез не е загрижена за гласините за аферата на Алекс

Џенифер Лопез не е загрижена за гласините за аферата на Алекс
Лос Анџелес, 10 февруари 2021 (МИА) - Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез периодов се актуелни со наводната негова афера со Медисон Лекрој - ѕвезда од серијата „Јужњачки шарм“ (Southern Charm). Како што пренесува „Ентертејнмент тунајт“, според неименувани извори блиски до парот, „Родригез ја уверил Лопез дека не направил ништо лошо“, но таа не е баш среќна затоа што привлекле толкаво внимание околу тоа. - Џенифер не е загрижена и не ѝ е гајле за гласините за Алекс и Медисон. Таа смета дека тоа е само „бучава“ и му верува на Алекс. Таа е толку вљубена во него, вели неименуваниот извор. Според втор, исто така - „неименуван извор“, на Џеј Ло ѝ пречи тоа што таа и нејзината врска се доведуваат во прашање поради гласините. Алекс претходно потврди дека тие посетувале и терапија во советувалиште за љубовни врски. - Мислам дека тоа беше навистина корисно за нас во нашата врска, истакна Родригез. си/sd/

Остани поврзан