• сабота, 23 ноември 2024

Џенифер Анистон се оддалечила со неколку пријатели поради вакцините

Џенифер Анистон се оддалечила со неколку пријатели поради вакцините
Лос Анџелес, 4 август 2021 (МИА) - Џенифер Анистон во ново интервју за „Инстајл“, признава дека ги прекинала односите со неколку луѓе од нејзиното опкружување поради нивниот став околу вакцините. - Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиле или не откриваат (дали се вакцинирани или не), и тоа беше жално... Сметам дека е ваша морална и професионална обврска да кажете, бидејќи не се тестираме сите секој ден. Незгодно е затоа што секој има право на свое мислење - но многу мислења не се засноваат на ништо, освен страв или пропаганда, вели Анистон. Таа инаку, важи за истакната и ревносна интернет-поборничка за анти-ковид мерките, како што се маските и социјалната оддалеченост.  си/сд/

Остани поврзан