• вторник, 26 ноември 2024

Џенифер Анистон сака да живее 115 години

Џенифер Анистон сака да живее 115 години
Лос Анџелес, 28 септември 2020 (МИА) - Ѕвездата на ТВ-серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон, која е на самиот почеток на шестото десетлетие од животот, во интервју за порталот „7 дејс“ изјави дека „би сторила сѐ“ за да доживее 115 години - здрава, свесна и без ортопедска количка. - Сакам да останам ведра, активна и сѐ уште во цутот!, рече глумицата. Сѐ до пред корона-карантинот, Анистон постојано се среќаваше со познаници и пријатели, со заеднички интерес - најновите и најефикасни методи за подобро здравје и грижа за себе. Организирала и неколку вечери кај неа дома, каде биле поканети и стручњаци од таа област. си/ссм/

Остани поврзан