• среда, 25 декември 2024

Џемперот со црна овца на Дијана продаден на наддавање за милион евра

Џемперот со црна овца на Дијана продаден на наддавање за милион евра

Њујорк, 15 септември 2023 (МИА) - Аукциската куќа „Сотби“ на интернет-наддавање продаде џемпер што го носела британската принцеза Дијана кусо по својата веридба со принцот Чарлс. Крајната цена е 1.143.000 долари (околу 1,07 милиони евра), што е над првично проценетото од 50.000 до 80.000 долари.

Џемперот, којшто прикажува една црна овца во низа бели единки, е најден на поткровје во март од дизајнерката Џоан Озборн. Во опиот на „Сотби“ се вели дека тоа е „магичен црно-бел мотив со овци“ и е еден од првите модни дизајни на плетена облека на Сали Муир и Џоан Озборн од линијата „Топла и прекрасна“ (Warm and Wonderful) основана 1979 година.

Во белешката во каталогот се наведува дека „го носела Дијана Спенсер во 1981 година на поло-натпревар на принцот Чарлс“.

Овој пакет вклучуваше и две писма од Бакингемската палата до модниот бренд во коишто учтиво се објаснува дека џемперот е оштетен и се бара поправка или замена.

Интернет-наддавањето беше отворено на 31 август, на 26-годишнината од смртта на Дијана во сообраќајната несреќа во Париз. „Сотби“ не го откри идентитетот на купувачот. си/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан