Џекпотот во американската лотарија достигна рекордни 1,6 милијарди долари
- Џекпотот на американската лотарија за извлекувањето предвидено за утре, денеска достигна рекордна сума од 1,6 милијарди долари.

Вашингтон, 4 ноември 2022 (МИА) - Џекпотот на американската лотарија за извлекувањето предвидено за утре, денеска достигна рекордна сума од 1,6 милијарди долари.
Тоа е најголемиот џекпот во светската историја. Премијата за лотаријата не е доделена последните 39 извлекувања.
Шансите за освојување џекпот се еден спрема 292,2 милиони. Колку за споредба, статистиката на американското Министерство за здравство покажува дека шансата да ве погоди гром е една во милион. аб/