Џеко може да се врати во Италија
- Босанскиот фудбалер Един Џеко може да ја продолжи кариерата во Серија А, пишува новинарот Николо Шира.

Рим, 3 јуни 2025 (МИА) – Босанскиот фудбалер Един Џеко може да ја продолжи кариерата во Серија А, пишува новинарот Николо Шира.
За 39-годишниот Џеко се заинтересирани два италијански клуба. Претходно Џеко најави заминување од Фенербахче каде настапуваше две години.
Минатата сезона Џеко одигра 53 натпревари на сите турнири, постигна 21 гол и осум асистенции.
Во текот на својата богата кариера, Џеко во Италијанското фудбалско првенство има настапувано за Рома (2015 - 2021) и за Интер (2021 – 2023 година). зс/
Фото: ЕПА