Џеко кариерата може да ја продолжи во Фенербахче
- Фудбалерот на Интер, Един Џеко може да се пресели во Фенербахче, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.

Милано, 10 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот на Интер, Един Џеко може да се пресели во Фенербахче, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.
Триесет и седумгодишниот босански репрезентативец, од претставници на турскиот клуб веќе добил понуда за двегодишен договор.
Сепак, Џеко би сакал да остане во Интер и чека дијалог со раководството на тимот.
Џеко оваа сезона одигра 51 натпревар за италијанскиот клуб, постигна 14 гола и имаше пет асистенции.
Цената на Џеко на фудбалскиот пазар, според порталот Трансфермаркт е четири милиони евра. зс/
Фото: ЕПА