• понеделник, 16 декември 2024

Џафери: Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема кворум или ако оцени дека треба да се прекине

Џафери: Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема кворум или ако оцени дека треба да се прекине

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Според членот 81, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема кворум за одлучување, а може да ја прекине и во ситуации за кои тој ќе оцени дека треба да ја прекине, потенцира претседателот на Собранието Талат Џафери, во однос на седната за гласање на уставните измени.

Тој во гостувањето на „Вин Вин“ на Телма, вечерва посочи дека во случајот со уставните измени, станува збор за втора причина, односно за ситуација во која спикерот оценил дека седницата треба да се прекине.

-Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не. Ова право ми е загарантирано со Деловникот, рече Џафери.

Во однос на претседателските избори, според Џафери, нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Мандатот, како што рече, завршува на 12 мај.

-Реперот е 12 мај, кога истекуваат 60 дена од мандатот. Вториот круг на претседателските изброи најдоцна може да биде на 5 мај.

Џафери рече дека парламентарните избори во редовна постапка мора да бидат во последните 90 дена од мандатот на тековниот состав.

-Прв ден најрано за изборите е 5 мај. Ако сакаме редовни претседателски и парламентарни избори, тие се сретнуваат на 5 мај. Се надвор од 5 мај се предвремени избори и треба да се распушти Собранието, рече Џафери. бт/нд/

Фото: Принтскрин

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан