• четврток, 07 ноември 2024

Џафери: Посетата на Урсула фон дер Лајен е потврда за оправданоста на нашата определба за полноправно членство во ЕУ

Џафери: Посетата на Урсула фон дер Лајен е потврда за оправданоста на нашата определба за полноправно членство во ЕУ
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава е исклучително поволен знак на заедништвото и поддршката од Европската Унија и потврда за оправданоста на нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија, смета претседателот на Собранието Талат Џафери. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери присуствуваше на заедничката вечера што ја приреди претседателот Стево Пендаровски во чест на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на која присуствуваше државниот врв и шефот на Мисијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир. - Џафери изрази задоволство за нејзиното доаѓање токму во овој период кога целиот регион се соочува со влијанијата од актуелната енергетска криза, особено имајќи предвид дека нејзиното доаѓање е во насока на претставување на дополнителната поддршка што Европската Унија ќе и ја даде на Република Северна Македонија и на регионот, стои во соопштението. Ова, како што се наведува, е исклучително поволен знак на заедништвото и поддршката од Европската Унија и потврда за оправданоста на нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија. -Секако дека потпишувањето на Договорот со Фронтекс и на македонски јазик е потврда за тоа што претседателот Џафери го истакна при претходната средба со претседателката фон дер Лајен во јули оваа година, дека „Македонскиот јазик ќе биде регистриран без фусноти, и дека времето ќе покаже дека била донесена вистинската одлука“, се вели во соопштението. Претседателката Урсула фон дер Лајен, како што се наведува, истакна дека и е драго што може и на дело да ја потврди поддршката што ЕУ и ја дава на Република Северна Македонија и генерално на земјите од регионот. мд/дма/

Остани поврзан